Посета на законодавниот дом
Нашите ученици, под менторство на нивната наставничка Анита Ангеловска, денеска беа гости во законодавниот дом. Теодона Стратрова, Марко Стојев и Ана Стојановска учествуваа на промоцијата на курикулум за истражувачко новинарство по предметот граѓанско образование за наставници и ученици од основно образование.
Активноста се заснова на соработка меѓу законодавната и извршната власт, за важноста на демократските вредности во системот на образованието, вклучувајќи ја и медиумската писменост.
Настанот се реализира во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Швајцарската амбасада, а спроведувана од Националниот демократски институт. Присуството на министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претседателот на Собранието, Африм Гаши, зборува за големиот интерес за негување вистински вредности кај учениците. Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, како домаќин на настанот, подели благодарници на наставниците кои учествуваа во градење на овој курикулум. Меѓу нив и нашата наставничка. Тој пројави интерес и за ставовите на учениците поврзани со темата, за што со гордост истакнуваме дека тие дискутираа многу зрело, темелно и студиозно. Иднината е во рацете на овие деца. Затоа и ги поттикнуваме на активно учество за градење здраво општество.









Поврзани содржини