Logo-predna-2026

Посета на Железничката станица и Музејот на железниците – Скопје

Учениците од трето одделение на ден 4.03.2026 година, реализираа едукативна посета на Железничка станица Скопје и Музеј на железниците во Македонија.
Посетата беше реализирана во корелација со предметот општество, наставна содржина:
,,Како да придонесам за мојата безбедност и безбедноста на другите во сообраќајот (копнен, воздушен воден сообраќај, превозно средство, автомобил, авион, воз, автобус, чамец, брод, правила на однесување во превозно средство).’’
Во рамки на посетата, учениците имаа можност непосредно да се запознаат со железничкиот сообраќај, начинот на функционирање на железничката станица, како и со богатата историја на железниците во Македонија. Посетата претставуваше убаво и поучно искуство за сите ученици.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе