Саем на книга 2026
Ден исполнет со нови приказни и многу инспирација – така изгледаше нашата посета на Саемот на книга 2026!
Учениците имаа можност да прошетаат низ шареноликиот свет на литературата, да разгледаат интересни наслови и да откријат нешто ново што ќе им го разбуди интересот за читање. Секој штанд нудеше ново доживување, а секоја книга носеше своја уникатна приказна.
Оваа посета беше одлична прилика да ја поттикнеме љубовта кон книгата и да им покажеме на учениците колку е важно читањето како дел од секојдневието.
Книгата останува верен придружник во учењето и најдобар прозорец кон нови светови.









Поврзани содржини