5 Мај – Ден на македонскиот јазик
5 Мај се слави како ден на усвојување и озаконување на македонскиот писмен јазик и азбука.
За јазикот да може да го следи технолошкиот развој, потребно е не само да го чуваме и негуваме, туку и да го познаваме и правилно да го употребуваме според неговите норми поставени во Граматиката, Речникот и Правописот.
Во секојдневната употреба треба да пееме, да играме и да се изразуваме со него, славејќи го живиот збор – за чие востановување и нормирање се борел со своите идеи Мисирков.
Денес учениците од нашето училиште изведоа повеќе активности со кои го одбележаа овој значаен датум од историјата на македонскиот јазик.
Да го чуваме, негуваме и гордо да го користиме нашиот Мајчин јазик!











Поврзани содржини