Крушево – нашата училница под отворено небо 05-05-2026

Крушево – нашата училница под отворено небо

Нашите петтооделенци ги откриваа убавините и историјата на Крушево. Во периодот од 27-ми до 30-ти Април, учениците од V одделение уживаа во незаборавна настава во природа во преубавото Крушево. Тие имаа можност да учат преку дружење, посета на историски знаменитости и активности на чист воздух.
За време на престојот, учениците посетија значајни локалитети/места:
• Велес: Родната куќа на Кочо Рацин.
• Стоби: Античкиот град со неговите прекрасни мозаици.
• Крушево:
• Мечкин Камен
• Историскиот „Македониум“
• Спомен куќата на Тоше Проески.
• Галеријата на Никола Мартиноски.
• Прошетки низ тесните крушевски сокаци и шеталиштето на Крушевското Езеро.
Покрај едукативните прошетки, деновите беа исполнети со игри, креативни работилници, цртање и творење.
Се вративме дома со полни срца, нови знаења и незаборавни спомени!

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе