Интерна обука за користење на интерактивна табла во наставата

interna tabla 27 02 2023 1 506

Интерна обука за користење на интерактивна табла во наставата

Со почетокот на второто полугодие од учебната 2022/2023 во училиштето беа инсталирани 12 нови интерактивни табли, со што заврши опремувањето на училиштето. Во текот на месец февруари се реализираа интерни обуки на наставниците за користење на интерактивните табли во наставата со цел осовременување на наставниот процес и поттикнување на интересот и мотивацијата на учениците. Обуките ги спроведоа наставниците Маја Виденовиќ и Анета Придаенкоска. На наставниците им беше презентиран начинот на работа на интерактивните табли, можноста за користење на интерактивни ресурси. Исто така им беа посочени и линкови каде може онлајн да пристапат до готови интерактивни ресурси, но им беше објаснето и како да направат свој интерактивен ресурс.

logo km