Мајчиниот, народен јазик е прататковина на нашите предци а за нас грижа и завет за светла иднина на идните генерации - ООУ Крсте Мисирков

Мајчиниот, народен јазик е прататковина на нашите предци а за нас грижа и завет за светла иднина на идните генерации

предна крсте мисирков

Мајчиниот, народен јазик е прататковина на нашите предци а за нас грижа и завет за светла иднина на идните генерации

Нашиот јазик е бистар кладенец од мисли плодови сочни, така Видое Подгорец ја опева љубовта кон јазикот кој  е душа на нашите дедовци кои со мајчиниот јазик ги искажувале своите мисли преточени во приказни и бајки слушнати покрај огништето во куќите  на своите прадедовци.

Милозвучен и топол како топла прегратка на нашата мајка, јазик од детството, како што кажал Круме Кепевски во својата прва граматика објавена пред 77 години.

Јазик како ехо на слатка мелодија и радост која воскликнува кога ќе го чуеме од некого денес, тоа е мајчиниот јазик, тоа е душата на народот која се пренесува како наживописна традиција за идните генерации кои со љубов го негуваат.

Современиот јазик е слика на богатата историја и традиција од  нашето поднебје која народот ја преточил од мисли во приказни и пораки кои ја опишуваат народната мудрост,итрина и снаодливост да се сочува се што е добро и вредно.

Учениците од нашето училиште твореа за лулката во која израснале – мајчиниот јазик.

Среќен меѓународен ден на мајчиниот јазик, а јазикот секогош ја отсликувал душата на народот и убавата шареноликост на се што поминало наназад низ вековите и се што останало да се чува и негува како светилники и вид во очите, кој ни дарува љубов и слобода на изразување во иднина.

Украсување на ѕидниот весник и етно катчето во училната:

„Чувај го јазикот како што си ја чуваш зеницата на окото, таа светлина ќе те води во животот.“

Политика на приватност
ООУ Крсте Мисирков
Повеќе за колачињата

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.

Прочитај повеќе