Успех на државниот натпревар по француски јазик - 08.04.2026

Успех на државниот натпревар по француски јазик

Голем успех на државниот натпревар по француски јазик 🇫🇷

Ученичката Јасмин Мирчевска од IX-2 одделение, под менторство на наставничката по француски јазик, го освои третото место на државниот натпревар по „Изразно читање на француски јазик“. Натпреварот се одржа на 04.04.2026 година во „Киноверзум“, во општината Кисела Вода.

Јасмин покажа извонреден талент и креативен сценски настап, кој беше проследен со впечатливи и позитивни коментари од комисијата. За својот успех, таа ќе добие:

Потврда за освоено место;

Бесплатно членство во медијатеката;

Едногодишен бесплатен пристап до електронската библиотека Culturethèque.

Упатуваме искрени честитки до ученичката и нејзината менторка за овој значаен успех! 👏✨🏆

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.