Експерт училиште во СТЕМ

stem 06 03 2025

Експерт училиште во СТЕМ

Наставникот по информатика Маја Виденовиќ беше поканета како говорник и експерт на вебинарот Scientix STEM School Label кој се одржа на 05.03.2025 година, каде што сподели искуства и стратегии за унапредување на квалитетот на СТЕМ образованието. Во нејзината презентација зборуваше за STEM School Label иницијативата, критериумите потребни за стекнување на ознака за квалитет, како и чекорите за аплицирање. Исто така, го сподели искуството на нашето училиште ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, при добивањето на ознаката за Експерт училиште, објаснувајќи го целиот процес, предизвиците со кои се соочивме и позитивните промени што ги донесе ова признание во нашето училиште. STEM School Label не е само формална ознака за квалитет, туку водич за континуирано усовршување во процесот на примената на иновативни наставни методи, унапредување на соработката и подобрување на квалитетот на СТЕМ образованието!
Горди сме што нашиот успех беше препознаен и промовиран на европско ниво!

logo km