Работилница/обука Кажи НЕ на насилството и дискриминацијата преку игра
И З В Е Ш Т А Ј
Од одржаната обука со работилница
„Кажи НЕ на насилствто и дискриминацијата преку игра“
На ден 09,.05.2023 година во просториите на ООУ Крсте Мисирков се одржа интерна обука за наставниците. На која беа споделени искуства и сознанија од реализираниот проект „Кажи НЕ на насилствто и дискриминацијата преку игра“ од наставникот Анета Придаенкоска.
Во првиот дел фокусот беше на следните теми:
Во првиот дел фокусот беше на следните теми:
- Што е насилно однесување
- Облици во кои се појавува
- Причини за насилство
- Знаци за претрпено насилство
- Влијание врз здравјето добросостојбата на детето
- Како да се препознае жртва на претрпено насилство
- Влијание и карактеристики на булингот
- Улоги во булингот
Сите овие аспекти беа презентирани и по истите се разви конструктивна дискусија.
Вториот дел имаше практичен карактер со примери за активности за ученици:
- Презентација за врсничкото насилство за ученици,
- видео,
- padlet активност во која учениците даваат свое мислење на дадени ситуации:
- Активност: „Добри и лоши зборови“
- Активност: „Пренеси ја пораката“
Наставник:
Анета Придаенкоска

















Поврзани содржини