Работилница со родители за безбедно користење на Интернетот

rabotilnica 21 02 2023 1 9c5

Работилница со родители за безбедно користење на Интернетот

Во рамки на одбележувањето на Денот на побезбедно користење на Интернетот на 09.02.2023 година се одржа работилница за родители – претставници од Советот на родители. Ученици од VIII и IX Одделение, претставници од ученичката заедница, ја реализираа оваа работилница заедно со наставникот по информатика Маја Виденовиќ. На истата се дискутираше за различните начини на кои кај учениците може да се побуди свеста за побезбедно користење на Интернетот, но и за софтверот кој овозможува контрола на користењето на Интернетот од страна на учениците. Беа поттикнати интересни дискусии и родители истакнаа дека би сакале почесто да дискутираат на оваа тема, која е од особена важност деновиве.

logo km