Суштинскиот столб на човековите права е правото на здравје.
Почитувањето на нашето право на здравје значи почитување на нашите права за пристап до безбедна вода за пиење, чист воздух, добра исхрана, слобода од насилство и дискриминација итн.
Активностите со цел одбележување и заштита на основното човеково право започнаа на ден 08.04.2024 година (понеделник) со презентација на одделенските часови на тема “Здравје и заразни болести”, а продолжија во текот на следниот ден со делење на едукативни флаери за здрава храна и здрави навики. Завршната активност се реализираше на 11.04.2024 година (четврток) со предавање од страна на наша родителка, медицинска сестра при Градска општа болница – св. Наум Охридски, Моника Димитриевска, преку кое учениците научија да прават разлика меѓу симптомите на настинка и грип, заштита од истите и превенција.