Училишен натпревар по Техничко образование и информатика

tehnichko informatika 03 03 2025

Училишен натпревар по Техничко образование и информатика

На 28.02.2025 година се одржа училишен натпревар по предметот Техничко образование и информатика за учениците од VI одделение, со фокус на решавање на логички натпреварувачи задачи од интернационалното тестирање Дабар. Преку интересни и логички предизвици кај учениците се развиваа когнитивните способности и алгоритамското размислување. Натпреварот поттикна различни пристапи кон решавање на проблемите, разложување на проблемите на помали делови и решавање чекор по чекор, и преку иновативни приоди изнаоѓање на точното решение на различни проблемски ситуации. Задачите не бараат предзнае од програмирање, но ги подготвуваат учениците за идните предизвици во информатиката, стекнувајќи основа за развој на алгоритамско размислување, што е клучно за модерните технолошки професии.

 

tehnichko informatika 03 03 2025 02

logo km