Училишни натпревари Историја и општество
На 27 Февруари беа одржани училишните натпревари по наставните предмети: Историја и општество – историја и географија во VI одделение; Историја во VII, VIII и IX одделение; Граѓанско образование во VIII и IX одделение.
На натпреварите учествуваа 42 ученици, кои покажаа одлични резултати во искажување на своите знаења, разбирања, вештини и ставови. Им благодариме на сите ученици за учеството и за постигнатиот успех, особено затоа што го прифатија предизвикот за активност која има придобивки во развивање на натпреварувачки дух, споделување праведност, поттикнување успех и подготвеност за доживотно учење.






Поврзани содржини