Заедничка прослава на патрониот празник на нашето партнер училиште ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци- подрачно училиште Страчинци 23-05-2026

Заедничка прослава на патрониот празник на нашето партнер училиште ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци, подрачно училиште Страчинци

Во пресрет на големиот празник на сесловенските просветители, учениците покажаа на вистински начин како се негува љубовта кон татковината и испратија силна порака за заедништво и сплотеност. ❤️🇲🇰✨ Тие докажаа дека делото на светите браќа Кирил и Методиј може да се слави на повеќе јазици, бидејќи нивното наследство е патоказ за идните генерации. 📚🌍🌱

Нека е честит патрониот празник и нека е вечно делото на големите просветители, светите браќа Кирил и Методиј! 🙏📜🌟

Во подрачното училиште во Страчинци се одржа Патрониот празник на училиштето, каде што бевме поканети како гости и учествувавме во заедничка изведба на двата хора. 🏫🎤🎶 Со овој настап на хорот се заокружи МИО-проектот „Иднината сме ние“. 👥🤝 Покрај тоа, преку композицијата „Bella Ciao“ се овозможи заедничка репродукција на гласовите од двете училишта, резултат на успешна соработка, претходни подготовки, ангажман и бројни проби. 🎼🎵 Сето тоа беше изразено преку блескава изведба и префинето контрастно колорирање, со стремеж да се потенцира пред сè естетската суштина на релацијата творци – изведувачи, што беше наградено со многубројни аплаузи од публиката. 👏🎻🌟🎙️

Ви споделуваме дел од прекрасната атмосфера, која заврши со заедничко оро, дружење и незаборавни моменти помеѓу учениците и наставниците. 💃🕺🎉💞👋