Го одбележуваме Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Во нашето училиште се реализираше креативна активност посветена на прифаќањето, почитта и другарството. Учениците имаа можност да ја изразат својата поддршка и љубов, создавајќи убави мисли за својата соученичка. Во нивните пораки беа истакнати нејзините позитивни особини, добрината, искреноста и радоста што ја носи во одделението.
Преку оваа активност, учениците покажаа зрелост, емпатија и разбирање за различностите, потврдувајќи дека вистинските вредности се градат преку меѓусебна почит и поддршка. Атмосферата беше исполнета со топлина, насмевки и искрени емоции.
Со вакви мали, но значајни чекори, продолжуваме да градиме училишна средина, во која секое дете се чувствува прифатено, вреднувано и сакано.







Поврзани содржини