Одбележување на Денот на побезбеден интернет 10-02-2026

Одбележување на Денот на побезбеден интернет

Со многу енергија, љубопитност и позитивна атмосфера, во ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје беше одбележан Денот на побезбеден интернет 2026. Преку интерактивна презентација за насочувачкиот дизајн на социјалните медиуми, одржана од наставничката Маја Виденовиќ, учениците се запознаа со тоа како дигиталните платформи го привлекуваат и задржуваат нивното внимание. Учениците активно се вклучуваа во дискусија, поврзувајќи ги стекнатите знаења со ситуации од секојдневниот живот.
Потоа, преку забавни едукативни игри, учениците практично учеа како паметно, одговорно и безбедно да ги користат социјалните медиуми на своите мобилни телефони.
Со вакви активности, заедно градиме дигитална култура заснована на знаење, одговорност и меѓусебна почит.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе