Logo-predna-2026

Учество на наставничката Сашка Крстевски на Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

На 28 Ноември се одржа Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки. На овој значаен настан со свој труд зема учество и нашата наставничка по хемија, Сашка Крстевски.
Трудот со наслов „Од апстрактна претстава до директна примена: Еко-хемиски воннаставни практики како модел за развој на интердисциплинарни компетенции“ предизвика голем интерес меѓу присутните наставници, истражувачи и експерти од образовната сфера.
Наставничката го сподели своето искуство со практични примери, демонстрации и методолошки пристапи што овозможуваат учениците активно да учествуваат, истражуваат и ги поврзуваат научните концепти со секојдневниот живот.
Посебно беше истакнат позитивниот ефект врз учениците – развој на критичко мислење, истражувачки вештини, еколошка свест и рана професионална ориентација кон природно-научните дисциплини.
Настапот беше оценет како исклучително професионален и придонесе за афирмација на нашето училиште во рамки на стручната заедница.

ООУ Крсте Мисирков
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе