Незаборавна авантура и дружење во Лешок
На 15.05.2026, учениците од III одделение реализираа еднодневна екскурзија во Лешок, во придружба на одделенските наставници. 📅🚌🌳
Поаѓањето беше во утринските часови од пред училиштето, а патувањето помина во пријатна и безбедна атмосфера. ☀️ На преку екскурзијата учениците имаа можност да се запознаат со природните убавини и културно-историските знаменитости на Лешок. ⛰️🏰
Беше посетен Лешочкиот манастир, каде учениците се запознаа со значењето и историјата на манастирот. ⛪📜 Во текот на денот беа реализирани прошетки, дружење и рекреативни активности на отворено. 🏃♂️⚽🎒
Учениците покажаа примерно однесување, дисциплина и заинтересираност за активностите. 👍✨ Екскурзијата беше успешно реализирана и ги исполни воспитно-образовните цели, како и целите за меѓусебно дружење и социјализација. 🤝❤️🏆








Поврзани содржини